Коронавирусот стопираше скоро се во Европа, па така е стопиран и фудбалот кај нас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалската федерација на Македонија денес објави соопштение во кое порачува дека поради превентива на неодредено време ги прекинува првата, втората и третите лиги во македонскиот фудбал. Освен тоа стопирани се и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.
„Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора МФЛ, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.
Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID – 19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици“, стои во соопштението од ФФМ.