Хари Мегваер може да биде една од ѕвездите на овој преоден рок во Англија.
Мегваер е голема желба на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити и според англиските медиуми тој нема намера да остане помеѓу „лисиците“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Минатото лето после одличните настапи на Светското првенство не направи трансфер и таа грешка не сака да ја повтори ова лето.
Мегваер тогаш беше блиску до преминувањер во Манчестер Јунајтед, а после претходното искуство сега јасно им кажал дека сака да премине во клубот од „Олд Трафорд“.
Останува да се види дали Лестер ќе даде зелено светло за реализација на трансферот бидејќи ризикуваат во тимот да имаат незадоволен играч.
Според некои извори за 26 годишниот стопер „црвените ѓаволи“ за неговите услуги ќе треба да платат 80 милиони евра.
Јунајтед во овој преоден рок досега го ангажираше Арон Ван Бисака за кого плати 55.7 милиони евра.