Дома Топ вести Столе Димитриевски вчера испиша историја во Рајо

Столе Димитриевски вчера испиша историја во Рајо

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски завршува уште една одлична сезона на голот на Рајо за кој во вчерашниот натпревар и испиша нова историја.

Имено, Димитриевски стана голманот со најмногу настапи во дресот на овој клуб. Натпреварот против Гранада за Димитриевски беше 190 со што го остави зад себе Вилфред Агбонавабре (189).

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


На третото место на оваа вечна листа е Педро Валентин Мора со 168 настапи. До крајот на сезоната Димитриевски ќе го подобри рекордот за уште некој натпревар, но не е сигурно дека и наредната сезона ќе го чува голот на Рајо бидејќи има интерес од повеќе клубови.

Сезонава во Ла Лига Димитриевски остана несовладан на 14 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Aлвес пред неколку дена излезе од затвор, а сега доби уште една одлична вест!

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес пред три дена беше ослободен од обвиненијата за…