Диего Годин изгледа заминуа од Атлетико Мадрид.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, капитенот на Атлетико Мадрид се навредил од новите понуди за продолжување на соработката, па на крајот од сезоната многу веројатно ќе го напушти Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Годин и со актуелниот договор не е еден од најплатените, иако е еден од лидерите на теренот, столб на одбраната и заштитен знак на Атлетико откако Диего Симеоне е во клубот.
Уругваецот има 32 години и веќе размислува за крајот на кариерата, па негова цел е веројатно да добие што е можно повеќе пари.
Во Атлетико изгледа тоа ќе оди малку потешко, па останува да видиме кој ќе биде неговиот следен чекор.
https://www.youtube.com/watch?v=P6hTfkv1Gas&t=1s