Дома Трансфер зона Стигна потврда од Милано: Интер следи фудбалер на Арсенал

Стигна потврда од Милано: Интер следи фудбалер на Арсенал

Марсело Брозовиќ многу веројатно ќе го напушти Интер на крајот на сезоната, а Интер замена би можел да му доведе од англиската Премиер лига.

Според информациите на „Кориере дело Спорт“ швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака кој во Арсенал пристигна во 2016 година за 35 милиони фунти би можел да биде замената за Брозовиќ.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Џака има договор со Арсенал до 2023 година, но спортскиот директор на Интер, Пјер Аусилио смета дека може да го доведе во Милано ова лето.

„Доаѓањето на Џака сигурно би било скапо со оглед на тоа уште колку има од договорот со Арсенал, колку заработува и колку Арсенал плати за него, но ние го следиме и посебно за нас е интересно што се уште е релативно млад“, изјави спортскиот директор на Интер.

Покрај Џака тимот на Интер ќе се обиде да доведе уште двајца играчи за врска. На нивната листа на желби се наоѓаат Томас Парти од Атлетико Мадрид и Николо Барела од Каљари. Како и Џака и овие двајца не би имале ниска сума. Интер се надева дека можеби со Барела може да помине нешто поевитно.

Лоренцо Пелегрини од Рома исто така е една од опциите за Интер, но него бисе обиделе да го доведат само ако претходно го продадат Роберто Галјардини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фелипе Кутињо пред враќање во поранешниот клуб

Бразилецот, Фелипе Кутињо е пред враќање во редовите на Васко Де Гама, клубот каде што ја …