Милански Интер игра добро оваа сезона, но клубот планира голема реконструкција на тимот и напад на Скудетото следната сезона.
Поради тоа раководството напорно работи на нови засилувања, а првото големо засилување за следната сезона е веќе договорено – Диего Годин од Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминатите денови многу се зборуваше за практично договорениот трансфер на Диего Годин од Атлетико во Интер, но „АС“ на почетокот ги негираше тврдењата на „Скај Спорт“.
Сепак, денес најголемата радио станица во Шпанија потврди дека двете страни лесно се договориле и дека Уругваецот на крајот од сезоната ќе стане играч на Интер.
Имено, искусниот одбранбен фудбалер би требало да потпише двегодишен договор со опција на „Сан Сиро“ да остане и трета сезона, со плата од 5,5 милиони евра годишно, плус бонуси.
Годин по цели девет години ќе се раздели со „јорганџиите“ и тоа како слободен агент откако не успеа да се договори со клубот за продолжување на соработката.