Минатата година пристигна како големо засилување на „Олд Трафорд“ и во вториот дел од сезоната даде голем допринос во освојување на Европа Лигата.
Меѓутоа, оваа сезона Хенрих Михтарјан игра под сите очекувања, одигра неколку слаби натпревари, па во последно време не е ни во конкуренција за првиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо му замерува дека неговата игра „паднала“ во сите сегменти и поради лошата форма е надвор од првиот тим.
Англиските медиуми тврдат дека Михтарјан на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“, особено поради фактот што „Специјалниот“ сака да донесе едно големо засилување на таа позиција.
Неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд внимателно ја следи ситуацијата и ќе се обиде да го врати во своите редови, како што во минатото направи со Кагава.