Дома Фудбал Останато Сте го виделе и Пјерлуиџи Колина со долга коса? 📸

Сте го виделе и Пјерлуиџи Колина со долга коса? 📸

Пјелуиџи Колина за многумина е најдобриот фудбалски судија во историјата.

Колина беше препознатлив по својот авторитет, одличното чувство за игра и судење без грешка или со минимални пропусти. Иако во тинејџерските денови играше фудбал и тоа на позцијата стопер веќе со 17 години започна да оди на курсеви за правила на фудбалската игра затоа што веќе знаеше дека сака да биде судија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Додека студираше економија која ја дипломираше на 24 години паралелно почна да суди и во аматерски рангови. Токму тогаш почна да боледува од ретка болест алпеција. Во период од само две недели тој ја изгубил брадата, косата, трепките, брковите, па дури и влакната на рацете и телото.

Реткост е да се види негова фотографија, а една таква може да се најде на социјалните мрежи. Колина кога почна да суди во Серија А во 1991 година веќе беше целосно ќелав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…