На синоќешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Шахтјор беше виден еден од најсмешните пенали на фудбалските терени во последно време.
Главен актер беше Рахим Стерлинг кој недопрен од никого падна како покосен пред противничкиот гол, а судијата Касаи наседна на „симулацијата“ и покажа на белата точка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стерлинг не испадна чесен на лице место да му каже на судијата дека не беше пенал, но затоа се извини по завршувањето на мечот.
„Не барав пенал, ниту симулирав. Се спрепнав, но не сакав да изнудам пенал. Единствено што можам во моментов е да се извинам на судијата и на Шахтјор, немав намера никого да излажам“, истакна Стерлинг.
Deffo penalty!!! How has sterling's left boot escaped a red card there? pic.twitter.com/Bf0eL4hb59
— Unredacted Blue (@quagmireisablue) November 7, 2018