Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезонава, Австралија опен, потоа го освои турнирот од серијата 500 во Ротердам, а единствениот пораз досега го доживеа во полуфиналето на Индијан Велс од Карлос Алкараз.
Се пласираше во полуфиналето на Мајами, каде ќе игра против Данило Медведев, со кого лани играше во финалето на овој турнир и загуби. Италијанецот е прв на АТП трката, aко се бележат само бодовите во тековната година. Синер во таква ситуација е на врвот со 3.300 бодови, втор е Медведев со 2.550, трет Алкараз со 1.700…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синер забележа 20 победи на 21 одигран натпревар годинава, а статистиката и традицијата велат дека во 21 век секој кој имал таков учинок на почетокот од годината во одреден момент бил на првото место на АТП листата.
Досега тоа го направија шест играчи. Тоа се Лејтон Хјуит, Андре Агаси, Роџер Федерер, Енди Мареј, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Синер моментално има 8.110 бодови на АТП листата, а пред него се само Карлос Алкараз (8.645) и Новак Ѓоковиќ (9.725).