Легендарниот бразилски напаѓач, Роналдо Луис Назарио Де Лима, зборуваше на актуелната тема во фудбалскиот свет – потенцијалниот трансфер на Лука Модриќ во Интер.
Роналдо во 2002 година после пет сезони поминати во Интер поптиша за Реал Мадрид каде што исто така се задржа пет години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Трансфер пазарот е навистина чуден и ќе видиме што ќе се случи. Се надевам дека Интер ќе ги оствари своите цели, голем навивач сум на тој клуб. Модриќ? Не знам дали се договориле, сите чекаме. Секој голем клуб сака да се засилува, а Интер е токму таков“, изјави Роналдо за „Скај Спорт“.
Потоа Бразилецот го прокоментира и трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус.
„Тоа е позитивно за италијанскиот фудбал. Во последните сезони Серија А беше во пад, а ова е идеална прилика да се врати во голем стил“, смета легендарниот напаѓач.