Дома Топ вести „Старата дама“ во голема акција: Бразилецот пристигнува во Торино, Реал и Јунајтед ќе мораат да признаат пораз

„Старата дама“ во голема акција: Бразилецот пристигнува во Торино, Реал и Јунајтед ќе мораат да признаат пораз

Бразилскиот интернационалец, Давид Луиз веќе некое време го нема во составот на Челзи, а главната причина е несогласувањето со Антонио Конте.

Поради сето ова што во моментов се случува со неговата кариера, поранешниот играч на Бенфика и ПСЖ би можело уште во јануари да ја промени средината и да заигра за некој нов англиски гигант. Се шпекулираше дека Бразилецот во своите редови би сакал да го види и Реал, се споменуваше и Јунајтед, но според последните инфорамции, уште еден европски гигант се вклучи во трката за Луиз.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, актуелниот шампион на Италија бара квалитетен стопер, не се задоволни од Бенедикт Хеведес кој минатото лето беше доведен од Шалке на позајмица, па во текот на зимата ќе се обидат да го довеодат Давид Луиз. Се верува дека Челзи би се согласил да го продаде за 28 милиони евра, а во трката може да се вклучи и Манчестер Јунајтед, чиј тренер остана без Баи неколку месеци.

Планот на „Старата дама“ е да го вратат Хеведес уште во јануари, Германецот запиша само еден настап од доаѓањето во клубот, а во моментов е и надвор од терените поради повреда. Така тие би заштедиле 13 милиони евра, кои ги планираа да ги дадат на Шалке за неговите услуги, па веднаш тие пари би ги вклуличе во трансферот на Луиз од Челзи.

Наводно, во игра би требало да биде и Барселона, која остана без Умтити. Сепак, и покрај тоа, Јувентус и понатаму останува голем фаворит за доведување на одличниот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …