Реномираниот италијански весник „Кориере Дело Спорт“ во своето денешно издание пренесува интересна вест.
Имено, неодамна се појавија информации дека трансферот на Паоло Дибала во Атлетико Мадрид е веќе договорен на вечерата на која присуствувале Дибала, неговиот брат (кој му е агент) и Диего Симеоне.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Е, сега според „Кориере Дело Спорт“ Јувентус се вклучува во трката за првата ѕвезда на Атлетико, Антоан Гризман кој претходно долго време се поврзуваше со Барселона, а минатото лето и со Манчестер Јунајтед.
Јувентус сите го отпишаа и скоро и никој да не верува дека „старата дама“ може да го надополни големото заостанување во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а поради ова се пишува и за голема реконструкција во тимот на Јуве која ќе следи во летото кое е пред нас. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.
Како што споменавме, најнова вест е дека Гризман ќе биде една од главните желби.
Во овој момент не се откриваат детали во врска за евентуална понуда и сумата која Јувентус е спремен да ја понуди.