Илкај Гундоган после девет месеци пауза поради повреда на коленото се врати на терените синоќа во победата на Манчестер Сити против ВБА.
Германецот доби шанса уште од стартот, но во 59-та минута после стартот на Јакоб беше изнесен од теренот со болна гримаса. Овојпат настрада неговото лево колено.
„Во тој момент помислив на најлошото. Не можете да замислите како е да се биде 8 месеци надвор од теренот. Секој ден се бориш да се вратиш, па тешко е да прифатиш дека повторно си повреден“, изјави Гвардиола.
„Среќа за него повредата не е сериозна. Докторите велат дека ќе биде се ок. Почувствувал мала болка“.