
Репрезентативецот на Србија Филип Петрушев нема најдобра дебитантска сезона во НБА лигата и во еден месец смени повеќе тимови отколку што постигна поени.
Прв негов тим беше Филаделфија, севентисикерс за која одигра само три минути и беше трејдуван во ЛА Клиперс. Клиперс уште без настап го испратија во Сакраменто, а овој тим сега одлучи да го прекомандува во развојната Џи-лига во Стокон кинг.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Зад себе Петрушев има три години професионална кариера во кои играше за Мега, Анадолу Ефес и Црвена Звезда.
Во минатата сезона во Евролигата имаше просек од 10.7 поени за 23 минути поминати на теренот.