Српскиот тенисер Виктор Троицки на неверојатен начин изгуби меч во квалификациите за Челенџ турнирот во Хелиброн.
Троицки против Унгарецот Атила Балаж водеше со 6:1, 5:1 и 40:15, пропушти четири меч топки и потоа после еден голем и чудесен пресврт изгуби.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, 259-тиот тенисер на АТП листата немаше премногу причини за тагување со оглед на тоа дека го продолжи својот настап како „среќен губитник“, а освен тоа во првото коло беше слободен бидејќи во ждребот влезе место осмиот носител, Максимилијан Метенер кој се откажа поради повреда на коленото.
33 годишниот Троицки во кариерата освои три титули, а најдобриот пласман му беше 12-тото место во јуни 2011 година.
1⃣ month after @TaraMoore92's improbable comeback win from 0-6,0-5,30-40 Hungarian Attila Balazs (ranked 219th!) came back from 1-6,1-5,15-40, saved 4⃣ matchpoints vs. @ViktorTroicki @ATPChallenger in Heilbronn,Germany @neckarcup and won the 2nd set 7-6, then the 3rd 6-3.???? pic.twitter.com/fuG3CiSFoB
— Andras Ruszanov (@DB4Tennis) May 13, 2019