Дома Фудбал Срамно однесување на навивачите во Саудиска Арабија. Го исвиркаа едноминутно молчење за Бекенбауер

Срамно однесување на навивачите во Саудиска Арабија. Го исвиркаа едноминутно молчење за Бекенбауер

Што друго да се каже освен – срамота!

Реал Мадрид се пласираше во финалето на шпанскиот Суперкуп со победата од 5-3 над градскиот ривал Атлетико, а самиот меч имаше скандалозна увертира.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, пред почетокот на натпреварот со едноминутно молчење му се оддаде почит на покојниот Франц Бекенбауер, најголемиот германски фудбалер на сите времиња.

И додека играчите стоеја во круг на средината на теренот, саудиските навивачи во дресовите на шпанските клубови – свиреа.

Истото го направија и во 67. минута кога Тони Крос го замени Модриќ и секогаш кога Германецот беше во контакт со топката.

Сето тоа поради коментарите на фудбалерот за трансферот на 21-годишниот Габрио Веига од Селта Виго во Ал-Ахли.

А потоа, по ваквото срамно однесување, навивачите се „наградени“ со спектакл. Осум гола, 120 минути и три пресврти – Реал во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид постави нов рекорд во Ла Лига

Сезоната во Ла Лига донесе ново поглавје во историјата на шпанскиот фудбал, а Реал Мадрид …