Навивачите на Челзи на трибините на „Емирати“ за време на последното дерби го исмејуваа изгледот на девојката на Деклан Рајс, по што таа направи радикален чекор и ги избриша сите фотографии од социјалните мрежи.
Рајс е во врска со Лорен Фрајер уште од училишните денови, а парот влезе во родителските води пред две години. Сепак, Фајер поради својот изглед често е „мета“ на ривалските навивачи, а тоа беше случај и на дуелот против Челзи кој се одигра во вторникот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На социјалните мрежи се појавија видеа од „Емирати“, на кои се гледа како навивачите на Челзи пеат навредливи песни за животниот партнер на Рајс.
Исто така, тие ја навредуваа и на социјалните мрежи. Навивачите на Челзи очигледно не му простија што минатото лето избра трансфер во најголемиот ривал – Арсенал, наместо да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ и да игра за клубот за кој навиваше во детството.
Appreciation post for this beautiful woman Lauren Fryer 👏 We’re sorry to see that in 2024 women are still subject to so many disgusting comments. pic.twitter.com/rC3sYUUfV3
— In The Style (@inthestyleUK) April 22, 2024
Фрајер како што пишуваат медиумите на Островот била во депресија поради навредите и ги избришала сите фотографии од социјалните мрежи.
Лорен е најголемиот поддржувач и навивачка на Рајс од почетокот на неговата кариера и редовно го следи на натпреварите.
По речиси десет години врска, парот во август 2022 година го доби синот Џуд, чие име Деклан Рајс го истетовира на неговото тело.