Јувентус пред две години плати 40 милиони евра за да го донесе Пауло Дибала, а доколку некој сака да го купи во иднина ќе мора да плати шест пати повеќе.
23-годишниот Аргентинец во Торино се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот и стана трансфер мета на најбогатите европски клубови.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Поради тоа „старата дама“ спрема нов договор за Дибала во кој ќе има откупна клаузула од 230 милиони евра, откриваат италијанските медиуми.
Дибала во 105 натпревари за Јувентус постигна 55 гола, а „бјанконерите“ доколку се одлучат да го продадат пред истекот на договорот ќе добијат рекордна отштета.
Ова лето беше срушен светскиот рекорд со трансферот на Нејмар од 222 милиони евра, а дали некој клуб ќе се согласи да плати 230 милиони за Дибала, останува да видиме.