После репрезентативната пауза дојде време за спектакурален фудбалски викенд со дури седум дерби натпревари.
Се започнува во сабота во 13:30 часот кога Ливерпул ќе го дочека градскиот ривал Евертон, а „карамелите“ ќе имаат тешка задача бидејќи не ги победиле „црвените“ на гости од дачелната 1990 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Два часа подоцна на програмата е германскиот спектакл, односно Рурското дерби Шалке – Борусија Дортмунд. Влогот за двата тима е голем – домаќинот игра за Европа, а гостите за директен пласман во ЛШ.
Во 21:00 часот силите ќе ги одмерат двата најсилни француски тима, Монако и ПСЖ кои ќе играат за трофеј во Лига купот. Само половина часа подоцна следува португалското дерби помеѓу Порто и Бенфика кое директно одлучува за титулата.
Неделата започнува со холандското дерби, Феенорд му гостува на Ајакс во 14:30 часот, со шест бода предност, а чека на титула од 1999 година.
Потоа во 18:00 часот Арсенал и Манчестер Сити играат спектакуларно дерби во Лондон, и на двата тима овој натпревар им е од исклучително значење за излез во Лигата на шампиони.
На крај овој спектакуларен викенд завршува со дерби во Серија А, Наполи го пречекува Јувентус и му спрема незаборавен пречек на „предавникот“ Гонзало Игуаин.
Ова е само прв викенд од април, а буквално целиот месец ќе биде рај за љубителите на фудбалот!