Дома Топ вести „Спорт“ открива: Перез го жртвува Асенсио за големата опсесија?!

„Спорт“ открива: Перез го жртвува Асенсио за големата опсесија?!

asensio

Планот е јасен, а го открива реномираниот шпански медиум „Спорт“.

Изгледа дека информациите кои се појавија неодамна биле точни, Марко Асенсио е на продажба.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, неодамна се појави вест дека ако Ливерпул е навистина спремен да понуди 150 милиони евра за Асенсио, Реал Мадрид нема да прави проблем.

Самиот Асенсио не се огласил, разговарал со Лопатеги кога беше објавено дека тој ќе биде новиот менаџер на Реал Мадрид, а под негово водство во младинската селекција на Шпанија, Асенсио беше стандарден.

Но, ситуацијата во Реал Мадрид и младинската селекција не е иста.

„Спорт“ пишува дека Флорентино Перез е спремен да го жртвува Асенсио за само еден трансфер, погодувате во прашање е – Нејмар!

Контактите не престануваат, иако Бразилецот во овој момент размислува на Мундиајлот каде што вечерва ќе игра против селекцијата на Србија, неговиот татко наводно во текот на целиот период е во контакт со Перез.

Информациите на медиумите говорат дека ПСЖ би се согласил да го продаде Нејмар за сума од 300 милиони евра.

Реал со продажбата на Асенсио би обезбедил половина од таа сума, јасно е Реал има пари поради доброто работење во последните години и фактот што не купуваа многу.

Опција е и Азар, но Перез изгледа го сака само Нејмар кој покрај придонесот на теренот сигурно би бил и полн погодокот кога е маркетингот во прашање.

Останува да видиме како ситуацијата ќе се развива, а Перез изгледа не се откажува од доведување на голема ѕвезда во својот тим, што беше пракса пред Зидан да ги предводи „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …