Барселона вчера пред своите навивачи го победи Атлетик Билбао, а главен играч на Каталонците беше Осман Дембеле.
Дембеле влезе во игра во 67. минута додека резултатот беше 1:0 за Барселона, а навивачите на Барселона и овој пат му испратија свирежи. Сепак, тоа како да беше дополнителна мотивација за Французинот кој во продолжение прикажа фантастична игра, постигна гол и запиша две асистенции за Лук Де Јонг и Мемфис Депај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Свирежите за кратко се претворија во аплаузи и од трибините можеше да се слушне и скандирање на неговото име. За Дембеле сигурно тоа беше еден посебен момент. Познато е дека на Французинот му се свири затоа што одби да го продолжи договорот со Барселона, а ги одби и сите понуди за Барселона да заработи. После една таква ситуација бидејќи договорот му истекува на лето се очекуваше да си замине, дури тоа Лапорта и отворено го најави, сепак сега може да има пресврт.
Медиумот близок до Барселона каталонскиот „Спорт“ објави дека Дембеле размислува да остане затоа што атмосферата во клубот се поправила во претходните недели. Наводно многу влијаел трансферот на Обамејанг кој постигнува голови и игра одлично. Во текстот на „Спорт“ се тврди дека агентот на Дембеле се обидува да ги поправи односите со Барселона и повторно да се отварат преговори.
Дембеле бил воодушевен и од начинот на работа на Чави, кој му покажал и дека верува во него. Посебно го фасцинирало тоа што Чави го врати во тимот кога сите бараа негово заминување.
До летниот преоден рок има уште многу натпревари и тие сигурно ќе бидат прилика за Дембеле, добивањето на шанса после натпреварот со Билбао не би требало да биде проблем.