Во ноември пред почетокот на Светското првенство заврши соработката помеѓу Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед, Португалецот од тој момент е слободен играч и се поврзува со разни клубови низ Европа.
Ал Наср од Саудиска Арабија кој во овој момент изгледа дека е најблиску до потписот на Роналдо. Понудата на Саудијците е 200 милиони евра годишно за договор до 2025 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се пишуваше дека Роналдо е спремен да ја прифати таа понуда, меѓутоа никој од двете страни не го потврдил трансферот. Сега за медиумите зборуваше сонародникот на Роанлдо, Марсело Салазар кој е спортски директор на Ал Наср.
Салазар не потврди, но и не демантираше…
„Не можам сега да ви кажам дали ќе дојде или не, не сум овластен за такво нешто. Да почекаме да видиме како ќе се развиваат настаните во фудбалот до крајот на годината.
Се што можам да кажам е дека Роналдо е еден од најдобрите во историјата на фудбалот, тој е пример за сите поради неговиот мотив и желба за победа“, изјави Салазар.