Дома Фудбал Лига на шампиони Спортинг се погрижи за „БРУТАЛЕН“ пречек на Каталонците (Фото)

Спортинг се погрижи за „БРУТАЛЕН“ пречек на Каталонците (Фото)

Барселона вечерва во рамките од второто коло во Лигата на шампионите ќе гостува кај екипата на Спортинг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците во овој натпревар влегуваат како апсолутни фаворити, а домаќините се погрижија Каталонците да имаат што по „брутален“ пречек на стадионот „Жозе Алвалде“.

Па, така фудбалерите на Барселона во просториите на стадионот ги дочекаа постери од омразените ликови во Каталонија, Луис Фиго и Кристиано Роналдо.

Овие двајца фудбалери секако се легенди на Спортинг, но во Барса не се омилени. Фиго стана непријател број на сите во Каталонија со трансферот во Реал Мадрид во 2000 година, додека за ривалството на Кристиано Роналдо со најголемиот клуб од Каталонија нема потреба да се трошат зборови.

Дали овие постери ќе им дадат дополнителна мотивација на фудбалерите на Барселона да го прегазат Спортинг во вечерашниот натпревар, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…