Дома Видео Спектакуларно шоу и хет трик на Алиоски во редовите на Лугано (видео)

Спектакуларно шоу и хет трик на Алиоски во редовите на Лугано (видео)

alioski

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го запиша своето име во историјата на швајцарскиот фудбал, откако во неделата, постигна три гола за само осум минити.

Лугано, во 27.коло во швајцарската Супер лига, го совлада Сион со 4:2, а Алиоски ги постигна првите три гола на натпреварот. Македонскиот репрезентативец во периодот од 17.та до 25-та минута постигна три гола (првиот и третиот од пенал).


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Ова е најбрзиот хет-трик во историјата на швајцарската Супер лига.

До крајот на полувремето Сион успеа да го намали резултатот на 3:2 со головите на Конате и Констант, а точка на натпреварот стави Садику во 49.минута.

По 27 натпревари во првенството Лугано е на петтото место со 34 бодови, а Алиоски со 13 голови е втор стрелец во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Урнебесна реакција на шпанскиот крал кога дозна дека Јамал има 16 години 🎥

Репрезентацијата на Шпанија вчера ја победи Италија во дербито од „групата на смртта“ и та…