Дома Фудбал Останато Спектакл со осум гола во дербито на Лос Анџелес: Ибра без полуфинале, Вела ита да стане крал на МЛС! (ВИДЕО)

Спектакл со осум гола во дербито на Лос Анџелес: Ибра без полуфинале, Вела ита да стане крал на МЛС! (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ остана без шанси да ја освои МЛС лигата бидејќи неговиот Галакси испадна во четвртфиналето од плеј-офот.

Галакси гостуваше на својот градски ривал Лос Анџелес ФК кој во одличен натпревар славеше со 5:3 и за финале ќе се бори против Сител Соундерс, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Торонто и Атланта.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Карлос Вела постигна гол за водство на домаќините во 16-тата минута, а истиот играч во 40-тата минута зголеми на 2:0. Една минута подоцна Павон после асистенцијата од Ибрахимовиќ намали на 2:1.

Токму Ибрахимовиќ во 55-тата минута погоди за изедначување, но Роси и Диоманде во 66-тата и 68-та минута со нови голови носат предност за својот тим од 4:2. На нов гол се чекаше до 77-та минута кога Фелтче намали на 4:3, а само три минути подоцна Диоманде ги постави конечните 5:3.

Иако Галакси беше подобар во многу статистички параметри, Лос Анџелес ФК на крајот помина во финалето и Карлос Вела има прилика да стане крал на МЛС. Со 36 голови тој е најдобар стрелец во првенството и има дури 15 асистенции. Ибрахимовиќ постигна 31 гол и додаде седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џорџо Киелини стана косопственик на неговиот поранешен клуб

Поранешниот италијански фудбалер Џорџо Киелини стана косопственик на клубот Лос Анџелес, о…