Тренерот на Наполи, Лучано Спалети по ремито со Фиорентина изјави дека клубот тешко би одбил евентуална понуда од 100 милиони евра на Манчестер Јунајтед за Виктор Осимен.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во последните денови се појавија информации дека Жорге Мендеш работи на трансфер на Роналдо во Наполи, а во исто време сака да го однесе Осимен за 100 милиони евра на „Олд Трафорд“.




Иако е сам крај на преодниот рок, сепак на Спалети му е јасно дека Наполи нема моќ да одбие таква понуда доколку пристигне од Јунајтед.




„Немам време да размислувам за шпекулациите дека го земаме Роналдо и го продаваме Осимен, имаме натпревари на неколку дена. Клубот размислува за овие работи. Но, ако некој клуб ви понуди 100 милиони евра, не е лесно да кажете „не“. Откако пристигнав овде, сите играчи можат да бидат продадени со добра понуда“, изјави Спалети.