Тренерот на Интер, Лучијано Спалети има намера да го задржи хрватското крило Иван Перишиќ во составот на Интер, иако во тимот има голем број на промени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој, сепак е, свесен дека секој си има цена.
„Се разбира дека и јас сум ги слушнал гласините, но ние сакаме да го задржиме Перишиќ. Тој е важен фудбалер за нас и ние сакаме за го задржиме. Сепак, доколку пристигне неодолива понуда, ќе размислиме, но за да се разделиме со него, траба да имаме подготвено замена“, изјави Спалети.
28-годишниот Хрват веќе со месеци се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, но останува да видиме до крајот на транфер периодот дали овој трансфер ќе се случи.