Наполи вчера беше поразен од Милан со 1:0 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите (1:0), на овој натпревар во отсуство на повредените Виктор Осимен и Џовани Симеоне во нападот како „лажна деветка“ играше Елиф Елмас.
Се очекуваше на Наполи да му недостасува Осимен, сепак и вака создадаа одлични прилики, но не ги реализираа, па затоа сега на свој терен во вторник ќе мораат да ја надополнат негативата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По натпреварот Спалети го пофали Елмас за влијанието на играта.
„Ако имавме вистински напаѓач, можеби ќе создадевме повеќе шанси, но Елмас ги тераше да погрешат на почетокот во акциите. Поради него полесно ја добивавме топката. Како што кажав, можеби имавме помалку шанси отколку со напаѓач, но тој ги притискаше и не дозволуваше да имаат чиста игра, на што ние потоа ја градавме нашата игра. Од Елиф добивме константен и балансиран притисок“, изјави Спалети.
Елмас најдобрата прилика за гол ја имаше на почетокот на второто полувреме кога шутираше со глава, а Мањон со помош на пречката го спречи неговиот удар.