Дома Фудбал Италија Спалети бесен на медиумите: Ако некој цело време зборува дека ќе врне, тоа и ќе се случи

Спалети бесен на медиумите: Ако некој цело време зборува дека ќе врне, тоа и ќе се случи

Интер вчера на свој терен со головите на Политано и Перишиќ го совлада Киево и одново се врати на третата позиција.

Сепак, Спалети одново ги критикуваше медиумите поради шпекулациите околу доаѓањето на Антонио Конте.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Морате нешто да знааете. Точно е дека Бепе Марота го бара најдоброто за Интер“, изјави тренерот на Интер после натпреварот.

Пред самиот почеток на натпреварот Спалети и Интер сигурно имаа притисок затоа што во ова коло Аталанта, Милан, Рома и Торино (екипите кои се борат за ЛШ) запишаа победи.

„Видов зрелост, мирни глави, острина свесност за да се избегне некаква глупост бидејќи кога бедемот не може да се разбие може да се појави одредена нервоза кај играчите. Организирани сме, мислам дека тоа е пристап кој нас ни е потребен, иако се мачевме да постигнеме и втор гол“, изјави Спалети, а потоа следуваше прашањето кое го налути:

„Три месеци се повторуваат истата работа. „Газета дело Спорт“ пишува иста работа веќе три месеци. Ако некој цело време зборува дека ќе врне, тоа на крајот и ќе се случи. Секогаш ме прашувате иста работа секоја недела и јас не сакам да бидам непристоен да не одговарам. Ако „Газета“ пишува иста работа две години, а во последните три месеци тоа го пишува секој ден тогаш морате да знаете една работа“.

„Тие прилично навредуваат со своите наслови во кои зборуваат дека сме истрошени, празни…Исто така користат грд и навредлив говор, тоа не го користат кога во прашање се другите клубови“, смета стратегот на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…