Дома Фудбал Останато Со топка сите знаеме дека е мајстор, но погледнете ги овие движења на Роналдо без топка (ВИДЕО)

Со топка сите знаеме дека е мајстор, но погледнете ги овие движења на Роналдо без топка (ВИДЕО)

Кристиано Роналдо е вистинска машина за голови. Таму каде што застана во Реал Мадрид, продолжи оваа сезона во Јувентус.

Дел од фудбалската јавност на Роналдо му замерува затоа што голем број од своите погодоци ги постигнува од белата топка и дека често пати само ја погодува мрежата откако соиграчите ќе го завршат поголемиот дел од работата.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Меѓутоа, не е лесно да се најдеш во ситуација за гол. Потребно е чуство и одлично движење без топка.

Сега на социјалните мрежи се појави едно видео на движења на Роналдо без топка и тоа јасно покажува дека Португалецот секое движење добро го планира и токму затоа често пати влегува во сериозна шанса за гол.

Роналдо прави исклучително интелигентни потези кога е без топка, што е нешто кое многумина него забележуваат затоа што сепак головите се во фокусот.

Едноставно Роналдо има способност да ги измами дефанзивците со своите движења.

Роналдо оваа сезона во Јувентус одигра 36 натпревари, постигна 24 гола и запиша 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов ВАР циркус на Копа Америка: Се цртаа погрешни линии, Бразил не доби чист пенал 🎥

Изминатата вечер со натпреварот помеѓу Бразил и Колумбија заврши групната фаза на Копа Аме…