Дома Фудбал Останато Со по некоја солза во фудбалската историја вчера замина и Петар Чех (ФОТО+ВИДЕО)

Со по некоја солза во фудбалската историја вчера замина и Петар Чех (ФОТО+ВИДЕО)

Легендарниот чешки голман Петар Чех вчера ја заврши својата фудбалска кариера.

Како што најави пред неколку месеци Чех на крајот на оваа сезона ја завршува кариерата, а судбината сакаше неговиот последен натпревар да биде во финалето од Лигата на Европа против неговиот поранешен клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чешкиот чувар вчера во Баку за последен пат стоеше помеѓу стативите како професионален голман. За негова жалост Арсенал изгуби од Челзи со убедливи 4:1. Сепак, без оглед на овој неуспех, Чех може да биде презадоволен од својата кариера бидејќи таа навистина беше блескава.

Одличниот голман во клупскиот фудбал освои скоро се што можеше да се освои. Најдобрите денови ги помина во редовите на Челзи каде што освои поголем број на трофеи.

Беше шампион на Европа, четири пати шампион на Англија, освои пет ФА Купови, 3 Лига купа, Лига Европа, шест Суперкупа на Англија и дури седум пат беше прогласуван за играч на годината во Челзи.

Треба да се каже и дека со 124 настапи е играчот со најмногу натпревари во дресот на репрезентацијата на Чешка.

После вчерашниот натпревар и Арсенал и Челзи му оддадоа признание, а тој не можеше да не пушти некоја солза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…