Дома Трансфер зона Со победата во финалето Баерн и зададе уште еден „удар“ на Барселона

Со победата во финалето Баерн и зададе уште еден „удар“ на Барселона

Фудбалерите на Баерн вчера во финалето го победија ПСЖ со минимални 1:0 и така по шести пат во својата историја станаа европски шампиони.

Победата на Баерн е добродојдена и за Ливерпул, а причината е Фелипе Кутињо кој оваа сезона во германскиот клуб игра како позајмен играч. Поради освоената титула на Бразилецот со Баерн, Барселона на Ливерпул ќе мора да му плати пет милиони евра поради клазулата во договорот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според договорот помеѓу Баерн и Барселона, платата на Кутињо ја исплаќа Баерн додека клазулите во договорот се задача на Барселона.

За на Каталонците да им биде потешко Кутињо во победата од 8:2 против Барселона и два пати се запиша во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…