Дома Фудбал Со кои фудбалери на Реал Мадрид Зидан имал посебни разговори?

Со кои фудбалери на Реал Мадрид Зидан имал посебни разговори?

Враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид и тоа како ги развесели навивачите на овој тим.

Легендарниот Французин од 2016 до 2018 година го водеше Реал Мадрид со голем успех после што си замина. Меѓутоа Перез после неуспешните обиди со Лопетеги и Солари одлучи да го врати Зидан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Клубот најави големи промени, но некои фудбалери кои беа видени како сигурни за заминување, кај Зидан добија шанса да се вратат во екипата.

Најмногу во последно време се пишуваше за заминување на Варан и Марсело. Сепак, како што стојат работите овие фудбалери ќе останат во Мадрид и наредната сезона.

Зидан со овие играчи имал посебни разговори. Тој им објаснил дека и тоа како смета на нивните услуги и дека се важен дел од неговите планови за следната сезона. После разговорот со Зидан двата фудбалери изразиле желба да останат и многу веројатно на крајот тоа и ќе се случи.

Марсело претходните месеци многу се поврзуваше со торински Јувентус, додека Рафаел Варан наводно имал понуда од Манчестер Јунајтед.

Ќе потсетиме, со враќањето на Зидан Марсело се врати на местото лев бек кое го изгуби додека на клупата беше Сантијаго Солари, а Французинот покрај бразилскиот стопер во тимот ги врати уште Иско и Кејлор Навас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…