Кратката ера на Џампаоло е завршена, Милан го превзеде искусниот Стефано Пиоли кој во својата кариера водеше многу клубови од Серија А.
Денеска го обработи и првиот тренинг, покрај промената на тренерот, навивачите на Милан можат да се радуваат и на враќањето на Калдара. Едно од звучните засилувања на Милан е и Тео Ернандез кој пристигна од Реал Мадрид и веќе започна да ги освојува срцата на навивачите на Милан. Ова би можело да значи и раскинување на соработката со Родригез, Швајцарецот настапи на четири натпревари во Серија А.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
За дефанзивецот се интересира Евертон кој со трансферот на поранешниот фудбалер на Волфсбург сака да ја зголеми конкуренцијата, меѓутоа прво треба да се види дали Силва ќе остане на таа функција до јануари.