Златан Ибрахимовиќ до крајот на овој месец би требало да објави во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, а како што стојат работите тоа најверојатно ќе биде Наполи.
Претседателот на клубот, Ди Лаурентис е подготвен да направи неколку измени во играчкиот кадар, особено по штрајкот што го организираа фудбалерите на клубот пред неколку недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лаурентис изјави дека ќе ги продаде сите играчи кои беа лидери на штрајкот, а најверојатно клубот ќе го напушти и тренерот Карло Анчелоти, кој повеќе не е во добри услови со претседателот на Наполи.
Италијанските медиуми пренесуваат дека прва мета на тимот од Неапол е Златан Ибрахимовиќ кој моментално е слободен играч. Иако има 38 години, многу клубови во Серија А покажаа интерес, но се чини дека Наполи е најконкретен.
Де Лаурентис сака да направи револуција во екипата на Наполи, а таа може да започне во јануари со продажба на Мартенс и Каљехон. Покрај Ибра, би требало да пристигнат уште неколку засилувања, но во Наполи нивните имиња се уште не ги откриваат.