Репрезентацијата на Косово како што стојат работите може да добие одлично засилување.
Имено, фудбалерот Мергим Бериша кој во овој момент го носи дресот на Ред Бул Салзбург донел одлука во иднина да го носи дресот на репрезентацијата од каде што име потекло, а не Германија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Бериша 22-годишен фудбалер и неодамна беше дел младинското Европско првенство на кое Германија го освои златниот медал. И во оваа репрезентација тој беше стандарден што е доволен показател за неговите квалитети.
Засега фудбалерот не се огласил и не објаснил зошто го избрал Косово пред Германија.