Белгија денеска го игра својот прв натпревар на Мундијалот во Русија, а противник е селекцијата на Панама.
Денеска на програмата се двата натпревара од првото коло во групата Г, а ќе се сретнат Белгија против Панама и Англија против Тунис. Првиот се игра во 17 часот, а вториот во 20.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белгија и Англија се големи фаворити во оваа група, а многу ги гледаат и како потенцијални кандидати за финалето.
Одговор на прашањето зошто Белгија е меѓу фаворитите за така висок пласман го донесува и најавениот состав за дуелот против Панама.
Како што јавуваат белгијските медиуми, селекторот Роберто Мартинез денеска ќе започне со следните 11:
Куртоа, Алдервилд, Бојата, Вертоген, Муниер, Де Брујне, Витсел, Караско, Мертенс, Лукаку, Азар.
Имајте на ум дека на клупата ќе седат играчи како Компани, Батчуаи, Фелаини…