Дома Фудбал Италија Сопственикот на Јувентус му одговори на Ал Тани: Покажете респект кон Роналдо!

Сопственикот на Јувентус му одговори на Ал Тани: Покажете респект кон Роналдо!

Шеикот Ал Тани кој е брат на Емирот од Катар и сопственик на ПСЖ вчера на Твитер објави фотографија од Меси и Роналдо во дресот на ПСЖ.

Ал Тани прв го објави трансферот на Меси, па неговата објава направи „бум“ и медиумите ја протолкуваа како можен трансфер на Роналдо во Париз.

Јувентус, не реагира на вакви објави на социјалните мрежи, но тоа го направи Лапо Елкан, внук на Џани Ањели, и прв човек на компанијата која стои зад италијанскиот клуб.

„Роналдо е фудбалер на Јувентус, крајно непочитување е да му лепите дресови на друг клуб како да е стикер.Ако замине во друг клуб, каде и да оди, ќе добие почитување како човек и спортист. Затоа што за нас, фудбалот е страст, со генерации..“, одговори Елкан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кин сака да игра во Лигата на шампионите, го бојкотирал тренингот на Фиорентина!

Мојзе Кен, кој играше одлично во претходните неколку сезони во дресот на Фиорентина, е реш…