Смената на сопственоста на Интер е се поизвесна откако денес официјално компанијата „Сунинг“ потврди дека ќе се откаже од голем дел од своите бизниси.
Кинеската компанија „Сунинг“ е сопственик на италијанскиот гигант, кој се наоѓа во голема финансиска криза и има проблем со исплаќање на платите и долговите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со специјално видео обраќање сопственикот Жан Зиндон објави дека поради финансиската криза ќе мора да се откаже од поголем дел од своите бизниси.
Веќе извесно време медиумите објавуваат дека „Сунинг“ е во преговори со американскиот фонд „БС Партнерс“ за продажба на Интер.
Сопствениците на Интер имаат рок до 31-ви март да го продадат клубот и новиот сопственик да ги исплати долговите.
Zhang Jindong, the owner of Suning Group, made a speech today "We should focus our main battlefield, initiate subtraction, redraw the battle line. We will focus on retail business resolutely, close and cut down our business irrelevant to retail business without hesitation" pic.twitter.com/LLLYGpXvaF
— Titan Sports Plus (@titan_plus) February 19, 2021