За три дена изминуваат точно шест години од тешката несреќа Михаел Шумахер на скијањето на француските Алпи.
Во таа несреќа Германецот доживеа тешка повреда на главата. Одредено време помина во кома, а за неговата здравствена состојба млаку се знае. Додека од некои страни стигнуваа информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот формула 1 возач, се огласи неговата сопруга, Корина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пораката на Корина е мистериозна, меѓутоа звучи како да најавува нешто.
„Големите работи започнуваат со мали чекори. Мали парчиња можат да создадат голем мозаик“, стои во пораката која Корина ја испратила на социјалните мрежи во затворена група.
Дел од јавноста смета дека оваа порака на Корина значи дека Михаел добро се опоравува. Сепак, официјален став на семејството во изминатите шест години за состојбата на Шумахер нема.