Сопругата на напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, Аана, ги откри плановите за во иднина на нејзиниот сопруг.
Ана во раговор за еден медиум, соопшти дека нејзиниот сопруг, кариерата веројатно ќе ја заврши во САД, во редовите на ЛА Галакси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Таму имаат намера да минат одреден период од животот, а се очекува полскиот напаѓач таму да ја заврши кариерата.
„Сакаме да минеме одреден период од животот во САД. Сонуваме за Лос Анџелес. Сакаме таму да развиеме бизнис, и се надевам дека Роберт ќе ја заврши кариерата во клубот од Лос Анџелес. Тоа е нашиот сон“, истакна Ана.
Левандовски зад себе има бурна кариера. Во почетокот имаше доста успеси и падови, но го препороди пристигнувањето во Лех Познан каде експлодира.
Потоа играше четири години во Борусија Дортмунд, а во 2014. година премина во редовите на Баерн во кој постигна 128 погодоци во 167 натпревари.
Договор со Баварците има до јуни 2021. година, но очигледно неговата сопруга многу очекува од кариерата на фантастичниот напаѓач.