Дома Фудбал Италија Сопругата на Буфон изненади со признанието за кого навива: Од кога сум со Џиџи сите мислат дека сум за Јувентус

Сопругата на Буфон изненади со признанието за кого навива: Од кога сум со Џиџи сите мислат дека сум за Јувентус

Можеби е логично да навива за Јувентус, но Иларија Д’Амико не е фан на „старата дама“.

Сопругата на легендарниот голман Џиџи Буфон откри дека не навива за Јувентус и покрај тоа што нејзиниот сопруг е икон на клубот од Торино.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За работата да биде уште поинтересна таа навива за тимот кој сезонава е главен кандидат за Јувентус во борбата за Скудетото – Лацио.

„Од кога сум со Џиџи сите мислат дека навивам за Јувентус. Меѓутоа не е така. Секогаш сум имала големи симптаии кон Лацио и тие продолжија до ден денес“, изјави Иларија.

Лацио во овој момент е само на бод од Јувентус и доколку сезоната продолжи во јуни би можеле да уживаме во вистинска борба за Скудетото.

„Тоа што го прават оваа сезона е фантастична приказна. Сакам отворени првенства и се надевам дека Јувентус и Лацио ќе водат жестока борба до самиот крај“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…