Дома Фудбал Останато Сооопштение од семејството на Сала: Благодарение на сите вас можеме да тагуваме по Емилијано

Сооопштение од семејството на Сала: Благодарение на сите вас можеме да тагуваме по Емилијано

Вчера официјално беше потврдено дека телото во остатоците од авионот на 63 метри длабочина во водите на англискиот канал е Емилијано Сала.

Оваа вест иако шансите за преживање на Сала и добри вест беа екстремно мали го погоди целот фудбалски свет, но најмногу секако семејството на Аргентинецот кое претрпува огромна загуба.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После потврдувањето на трагичната вест во јавноста со соопштение се огласи и семејството на фудбалерот.

„Сакаме да ви се заблагодариме на сите за сочуството во овие најтешки моменти од нашиот живот. Гледавме како целиот свет се мобилизираше за потрагата да биде продолжена и тоа за нас беше од огромно значење. Благодарение на сите вас сега можеме да тагуваме по нашиот син, нашиот брат. Нашите мисли се и со семејството на пилотот Дејв Иботсон, се надеваме дека ќе биде пронајден“, стои во соопштението.

Ќе потсетиме, телото на Иботстон засега се уште не е пронајдено и тој се води како исчезнат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ испрати понуда од 55 милиони евра за ѕвездата на Барселона, па пристигна (не)очекуван одговор од Лапорта

Париз Сен-Жермен направи конкретен чекор на трансфер пазарот со испраќање на понуда за игр…