Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер сака да ја засили одбраната до крајот на преодниот рок.
Солскјер сака да донесе врвен дефанзивец кој ќе биде партнер на Хари Мегваер, а прва желба е ѕвездата на Лајпциг, Дајот Упамекано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот Французин неодамна го продолжи договорот со германскиот клуб, но во него има откупна клаузула. Во претходниот договор клаузулата изнесуваше 60 милиони евра, а во новиот таа е намалена на 42 милиони евра.
Оваа сума нема да претставува проблем за „црвените ѓаволи“, па затоа веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Man United are targeting RB Leipzig defender Dayot Upamecano to bolster their defensive options, sources have told @MarkOgden_: https://t.co/uW2tzIgs8R pic.twitter.com/1fObZZuEUN
— ESPN FC (@ESPNFC) August 31, 2020