Дома Фудбал Англија Солскјер: Се уште не сме на нивото на Ливерпул

Солскјер: Се уште не сме на нивото на Ливерпул

Во недела од 17:30 часот на „Олд Трафорд“ ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Ливерпул во дербито на 9. коло во Премиер лигата.

Тимот на Оле Гунар Солскјер се мачи во последно време, додека Ливерпул игра одлично сезонава и се уште „црвените“ не изгубиле ниту еден натпревар во било кое натпреварување. Во последните пет натпревари тимот на Клоп постигна 18 голови и одбраната на Ливерпул може да има проблеми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ливерпул е еден тим кој е добар во секоја смисла. Минатата сезона бевме пред нив, но тоа веројатно беше сплет на околности и имаа проблеми со бројните повреди. Многу добро знаеме дека мораме да напредуваме за да го стигнеме нивното ниво во последните четири сезони. За да имате добар резултат против најдобрите тимови во Европа, а Ливерпул дефинитивно е еден од нив морате да дадете апсолутно се од себе“, изјави Солскјер.

Проблем за Солскјер ќе биде што во дербито скоро сигурно ќе биде без Бруно Фернандеш кој се повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Свршеницата на Роналдо објави фотографија од 18 милиони евра (Фото)

Кристијано Роналдо минува низ тежок период во Саудиска Арабија, но изгледа дека неговата п…