Тимот на Манчестер Јунајтед изминатиот викенд на гостински терен го совлада Лестер со 1:0.
Единствениот погодок на натпреварот беше дело на напаѓачот Маркус Рашфорд. На Солскјер му оди одлично на клупата на Јуанјтед и „ѓаволите“ не знаат за пораз откако Норвежанецот седна на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Едни од фудбалерите кои најмногу се истакнуваат под негово водство сигурно се Пол Погба и Маркус Рашфрод.
Во последниот натпревар токму нивната врска ги озезбеди новите три бода за клубот од „Олд Трафорд“ – Погба беше асистент, Рашфорд егзектур.
Меѓутоа Солскјер откри дека Рашфорд не ги слушал неговите совети.
„Му кажав да шутира повеќе низ нозете на Шмајхел бидејќи забележав дека често пати остава простор. Меѓутоа постигна погодок, па ги игнорираше моите совети. Секако дека не можам да му замерам, но се надевам дека во иднина малку повеќе ќе слуша. Сите тука имаме иста цел, а тоа е да бидеме подобри и да победуваме“, изјави Солскјер.
https://www.youtube.com/watch?v=fkjiCxSXRV8