Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер порача дека неговиот тим мора брзо да се опорави од елиминацијата од Лигата на Европа од Севиља затоа што нема многу време за одмор.
„Играчите мораат да продолжат да напредуваат и да го прават она што го правеа секој ден со вистински став и менталитет. Ќе ни биде потребен поголем избор на играчи затоа што не чека долга сезона и понатаму ќе бараме повеќе од играчите кои ги имаме, но сепак мораме да се засилиме. Лигата почнува многу брзо, а предниот рок е долг ќе биде чудно. Мораме да бидеме добри и паметни. За само две недели повторно се собираме и сите треба да бидеме свежи и спремни“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Резулатот против Севиља е разочарувачки. Ова е еден пораз кој тешко може да се поднесе бидејќи во некои моменти игравме фантастично, создававме шанси и не дојдовме до повеќе голови кои ги заслуживме. Требаше да притиснеме кога бевме во добра позиција“, изјави Солскјер.
Новата сезона во Премиер лигата ќе започне на 12. септември.