Дома Фудбал Солари само што пристигна веќе има проблем, потврдена повредата на важен играч на Реал

Солари само што пристигна веќе има проблем, потврдена повредата на важен играч на Реал

Реал Мадрид вчера после катастрофалните резултати го отпушти Јулиен Лопетеги, а него го наследи тренерот на младинскиот тим, Сантијаго Солари.

Солари на стартот нема среќа – само што пристигна веднаш се соочи со проблеми.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид, Рафаел Варан се здоби со повреда на мускулот на десната нога во „Ел Класико“ кое Реал го загуби со 5:1.

На францускиот дефанзивец утрово му беа направени детални прегледи кои покажаа дека младиот фудбалер ќе мора да паузира одреден период.

„После направените прегледи е константирано дека членот на нашиот тим, Рафаел Варан има проблеми со мускулот на десната нога“, соопштија од таборот на клубот од Мадрид.

Засега не се објавува колку време ќе биде потребно за Варан да биде максимално спремен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Малку фалело луѓето во Барселона да се откажат од Јамал – чудно им одел!

Денес Ламин Јамал е глобална фудбалска ѕвезда, чиј пат до врвот беше блескав. Малку се зна…