Дома Фудбал Останато Соиграч на Роналдо од Манчестер открива уште еден доказ за големината на Португалецот

Соиграч на Роналдо од Манчестер открива уште еден доказ за големината на Португалецот

djemba djemba ronaldo

Постарите љубители на фудбалот веројатно добро се сеќаваат на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Ерик Џемба Џемба.

Џемба Џемба во Манчестер Јунајтед пристигна во 2003 година заедно со Кристиано Роналдо. Португалецот стана еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и денес во дресот на Јувентус се уште игра на највисоко ниво, додека Камерунецот не ги исполни очекувањата.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Малку кој знае дека Роналдо и Џемба Џемба во Манчестер станаа големи пријатели, а во 2010 година кога Камерунецот ја изгубил својата мајка, поддршка му пружил
Кристиано Роналдо кој тогаш го носеше дресот на Реал Мадрид. Џемба Џемба во тоа време настапуваше за дански Оденесе.

„Мојата мајка почина во 2010 година и тој беше тука за мене кога се случи тоа. Играше за Реал Мадрид, но не ме заборави. Ме повика и ми кажа: Ако сум ти потребен и ако ти треба некој за разговор, тука сума“.

„Тоа е момент кој никогаш нема да го заборавам, навистина ми значеа неговите топли зборови во тие моменти кога бев вознемирен“, открива Камерунецот.

Џејма Џемба истакна и дека Роналдо со својата хуманост секогаш му стоел на располагање.

„Кристиано ми кажа дека секогаш ќе биде тука ако ми затреба. Ќе донира дресови, храна..Било што. Тој е многу великодушен човек“, заврши Џемба Џемба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибра го донесе Македонецот Кировски во Милан

Поранешниот директор на ЛА Галакси, Јован Кировски ќе биде одговорен за академијата на Мил…